Don't Miss
Home / Uncategorized / Талески ја заглавил општина Битола 13 милиони евра

Талески ја заглавил општина Битола 13 милиони евра

Над 13 милиони евра, е долгот на општината Битола, кој Талески му го оставил на неговата наследничка Наташа Петровска.

Покрај огромниот долг тоа што е симптоматично  и паѓа в очи е што најголемиот број од доверителите кои претходно убаво соработувале со Талески веќе поднеле тужби за наплата на своите побарувања, а постојано во општиската админситрација доаѓаат и нови тужби.

Ова го изјави градоначалничката на Битола  Наташа Петровска на својата прв прес конференција на која ја информираше битолската јавност за состојбата во која ја затекна општина Битола.

Тоа што паѓа в очи рече Петровска е тоа што и покрај огромната задолженост Талески за Битфест годинава потрошил над 230.000 евра.

Инаку според Петровска во моментот за наплата  чекаат вкупно побарувања  од над 3.5 милиони евра.

Инаку за време на ревизијата одредени службеници на општинската амдинистрација ја саботирале истата и според Петровска сите тие ќе сносат последици, а според градоначалничката Петровска за дел од работењето на Талески од страна на СВР Битола  веке се водат истражни постапки, а и полциијата  е запозната со одредени договор и  документи.

Наташа Петровска истакна дека и покрај ваквата состојба таа сака да венсе оптимизам и додека со Талески и некои други општински функционери ќе се занимаваат надлежните институции таа со својот тим ќе направи се, општината да ја извлече од вакваата алармантна ситуација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*