Home / Uncategorized / Талески му се оддолжи на својот пријател Сашо Огненовски

Талески му се оддолжи на својот пријател Сашо Огненовски

Последните денови се крена многу прашина околу наградата 4 Номеври за животно дело. По одлуката на Комисијата за доделување на наградата на Трајко Огненовски во текот на изборната кампања, од страна на Општината излегоа со информација дека со доделувањето на наградата се брзало за да не има втор круг на изборите за градоначалник.

Притоа намерно или не од  партиските послушници на Талески, со кои тој сите изминати 12 години манипулираше, се заборава дека  евентуаното одржување на вториот круг нема врска со доделувањето на наградата, бидејки наградата не ја одредува  градоначалникот, туку комисијата, составена од советниците, а кога станува збор за Советот, за избор на советници, нема втор круг.

Со таквата информација од Општината воедно се признава дека наградите не ги доделува Комисијата туку градоначалникот Талески што всушност и се случуваше сите овие изминати 12  години, кога изборот го правеше Талески, а Комисијата само ги аминуваше неговите одлуки.

Но според извори на порталот на Битолски весник вистината е сосема поинаква.

Со доделувањето на наградата за животно дело на Трајко  Огненовски, која е  и парична, Талески сакал да му помогни на својот другар и колега од театарот, Сашо Огненовски, кој бил во големи долгови и кој  покрај тоа што самиот заглавил, го заглавил и неговиот татко, чија  куќа му била дадена на добош.

Инаку Сашо Огненовски со амин на Талески стана директор на Народниот театар  во Битола, во чиј мандат се случија големи финансиски дубиози,  при што снема стотици илјади евра,  а Сашо Огненовски е директорот кој ги заглави и најголемиот број вработени во Театарот, кој му беа  жиранти за кредитите кои тој ги подигна, а никогаш не ги врати.

Талески, кој е близок на Огненовски сега уште еднаш се обиде  да му помогне на семејството Огненовски со тоа што му ја доддли наградата за животно дело која е и парична во висина од 1.000 евра.

Инаку кога станува збор за доделувањето на наградата 4 Ноември и на  врапчињата на гранките им е јасно дека мнозинството на Комисијата, зад која се крие(ше) Талески беше само параван,  а одлуката кој ке добие или нема да добие награда ја донесуваше само Талески и никој друг, како што беше правило и за тоа кој ке добие или нема да добие проект  за “Битфест“.

Откако Талески ке ја донесеше одлуката  и колку пари кој проект ке добие Комисијата само ќе аминуваше.

Така беше и овој пат за наградата 4 Ноември.

Талески кој не беше ни номиниар за кандидат з аградоначалник одлучи да му ја додели наградата 4 Ноември на Трајко Огнеовски, а Комисијата само ја аминува неговата одлука.

Но тоа што посебно загрижува е што  Комисијата во Општианата зад чија одлука се крие Талески до последниот ден послушно ги реализираше сите наредби и одлуки на Талески, без притоа да се дистанцира од него.

Токму таквата поданичка политика на мнозинството на Советот е една од причините што Талески сите изминати 12 години владееше по принципот “Општината тоа сум јас “ која на крајот ја чинеше на локалните избори тежок дебакл, од кој партијата со години не ќе може да се опорави.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*