Home / Uncategorized / THE END TALESKI FILM PRODUCTION “БИТОЛА ТОА СУМ ЈАС”

THE END TALESKI FILM PRODUCTION “БИТОЛА ТОА СУМ ЈАС”

По 12 години владеење во стилот “Општината тоа сум јас”, градоначалникот Владимир Талески заминува во историјата.

Деновиве, откако по  битолчани и партиското членство, од Талески, се откажа и лидерот на партијата Никола Груевски, и како што замислуваше не го предложи за четврт мандат, конечно заврши филмот кој Талески цели 12 години им го режираше на битолчани. Сега, кога тој од општински режисер и продуцент, во иднина ќе биде само обичен глумец, останува битолчани кои цело време беа публика во филмското дејствие на Талески, да го оценува неговото владеење во стилот кој тој самиот го промовира “Општината тоа сум јас”.

Во изминатите 12 години исклучиво од волјата и желбата на Талески зависеше каков живот ќе живееме, дали тој нешто  со народните пари, кои цели 12 години безмилосно го трошеше, ќе ни направи или не.

Сите изминати 12 години исклучиво од Талески и неговата десна рака, секретарот Слободан Бончановски, зависеше што ќе се прави и како ќе се (пре)живее во градот.

Ако им бевте верни послушници можевте да се надевате дека ќе преживеете. Во спротивно, ако ве земеа на око, само господ можеше да ве спаси.

Но, притоа, Талески заборави дека секој филм, па и неговиот, сниман и режиран по негово сценарио, има свој крај.

Така, деновиве, дојде неговиот крај.THE END .

Завесата е спуштена.

Филмот заврши. Сега останува рецензентите да го оценат неговото филмско остварување, кое наскоро ќе оди на прво читање  кај Катица Јанева.

Битолчани, конечно, можат да бидат спокојни. Од сцената за неколку дена ќе си замине сценаристот, актерот, режисерот и продуцентот Владимир Талески, кој  режирајќи ни го животот сите изминати 12 години во неговиот  мега  проект “Битола филмски град “ сите нас не гледаше само како обични статисти и смртници.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*