Home / Вести / Тоше Ивановски: Браќа Манаки треба да и се врати на Битола

Тоше Ивановски: Браќа Манаки треба да и се врати на Битола

Браќа Манаки“ треба да ѝ се врати на Битола, рече директорот на Фестивалот на филмска камера Симеон Мони Дамевски на денешната прес конференција одржана во градот домаќин. Тоа значи поголема вклученост на Битола и битолчани во организацијата на фестивалската манифестација.

„По една година отсуство Фестивалот го имаме зашто беше воден од три желби. Првата на ДФРМ, сметаше дека мора да го има, не може две години со ред да не го правиме. Во подготовките проживеавме неколку филмски жанрови од акциони, до трилери, комедии. Вториот сон дека Фестивалот треба да ѝ се врати на Битола, односно Битола да биде вклучена многу посериозно во реализацијата на овој фестивал, па ја имаме најбогатата оф програма досега. Третиот сон е групата ентизијасти кои го организираат фестивалот “, рече Дамевски.

За таа цел годинава офф- програмата ќе биде водена од долгогодишниот културен работник Тоше Ивановски, а ќе бидат организирани многу настани преку кои ќе се раскаже филмската традиција и животот во Битола.

„ Моџо, Паркети, Виктор Апостоловски и уште многу други битолчани одбраа по една филмска тема и на промотивниот пулт на Широк сокак ќе седат и ќе раскажуваат филм, слично на раскажувањето кое во минатото го правеле старите битолчани. Оф програмата покрај во забавите по кафе баровите со диџеи, гледање на македонски филмови, изложба на фотографии со битолчани кои учествувале во филмови, активностите нема да се сведат само на забава. Ќе имаме два пунктови на Широк Сокак со содржини кои ќе служат за анимирање како на самите битолчани да имаат чувство дека се случува фестивал, така и на оние посетители кои го доживуваат градот разиграан“, рече Ивановски.

Ќе има пантомима, изложба „Во крупен план“ пред Кино Манаки, КУД „Илинден“ во страоградака облека на отворено ќе имаат сценски прикази на ситуации од времето на Манаки, фотографите Петар и Сашо Ставрев ќе извадат стари лонплејки со филмска музика, дружината „Мети си со класнето“ ќе направи скулптури од отпад, промоција на дела од Ана Јовковска и уште многу други содржини.

Фестивалот почнува во четврток, 16 септември и ќе трае до 21 истиот месец. Годинава е намален за два дена, поточно вљубениците на филмот ќе имаат можност да уживаат шест дена во филмската програма и другите попратни манифестации.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*