Home / Спорт / Цермат против Камчев

Цермат против Камчев

Фирмата Цермат, која извесно време беше доминантен сопственик на ФК Пелистер нема никакви обврски спрема Пелистер и сегашниот главен акционер Орце Камчев може слободно да ги инвестира своите 1 милион евра во работењето на клубот за наредната сезона.

Ова во најкуси црти стои во соопштението на Цермат која од страна на сегашниот акционер Орце Камчев е обвинета дека не ги исполнила обврските спрема Пелистер и дека наместо да ги исполнува своите обврски, на клубот му давала позајмици.

Инаку  преземањето и финансирањето на Пелистер од страна на сопственикот на Цермат предизвика многу контраверзи, а договорот со кој општината Битола му го продаде клубот на Цермат остана најголема и добро чувана тајна, која никогаш не ја виде светлината на денот, иако советниците на опозицијата долго време инсистираа на тоа.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*