Home / Вести / “Тумбе Кафе “ ќe добие нова пешачка патека

“Тумбе Кафе “ ќe добие нова пешачка патека

            Наскоро култното  место на Битола, “ Тумбе кафе “ ќе добие нова пешачка патека.

            Реконструкцијата на пешачката патека на  “Тумбе кафе“ се врши согласно Програмата за комунални дејности и уредување на градежно земјиште на Општина Битола.

            Согласно предвидените рокови за реализација и динамиката на изведба, патеката ќе добие нов коловоз најдоцна до крајот на идниот месец.

 Градежните активности за реконструкција на пешачката патека на “Тумбе кафе“ се реализираат во должина од 538 метри.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 5. 304. 304 денари, изјави денеска градоначалниката Наташа Петровска, која изврши увид на градежните активности.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*