Home / Uncategorized / Уапсен Игор Југ

Уапсен Игор Југ

Денеска рано изутрина е уапсен Игор Југ, за настаните од 27 април во Собранието на Република Македонија.

Од Министерството за внатрешни работи потврдуваат дека утринава е уапсен кумановецот Игор Југ, насилникот кој учествуваше во крвавите инциденти во Собранието на 27-ми април. Како што велат од МВР, 47-годишниот Игор Југ е осомничен за сторено кривично дело „Учество во толпа што ќе спречи службено лице во вршење на службено дејствие“ казниво  по чл.384 ст.1 од КЗ на РМ.

„На 21.09.2017 година од страна на овластени службени лица при Секторот за внатрешни работи Куманово по претходна наредба од 16.05.2017 година на Основно Јавно Обвинителство Скопје во врска со настаните од 27.04.2017 година во Собранието на Република Македонија е приведено лицето И.Ј. (47) од Куманово. За истото лице постои централен распис од СВР Скопје-Оддел за насилен криминал за основано сомневање за сторено кривично дело  „Учество во толпа што  ќе изврши кривично дело“ казниво по чл.385 од КЗ на Република Македонија, како и локален распис од СВР Скопје-НККР Бит Пазар година за основано сомневање за сторено КД „Разбојништво“  казниво по чл. 237 од КЗ на РМ“, велат од МВР.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*