Home / Градска хроника / Уште непуштена ул. “Рузвлетова“ се распаѓа

Уште непуштена ул. “Рузвлетова“ се распаѓа

                  

          Улицата “Рузвелтова“ кај Поштата во Битола кога почна да се реновира треба(ше) да претставува  прекрасна пешачка зона за битолчани.

          По оваа улица, која иако  официјално не  е предадена во употреба веќе подолго време слободно се движат битолчани.

          Благодарение  само на чистата среќа денеска не се случи инцидент на оваа улица, кога  се откорна една канделабра и падна на улицата.

           Овој инцидент предизвика револт кај битолчани, кои на социјалните мрежи бурно реагираа и коментираа дека улицата не е квалитетно реконструирана.

          По инциндетот за паѓањето на канделабрата      реагираа и од Општината Битола.

          -Реконтструкицијата на улицата „Рузвелтова“ е се уште во тек, поради што изведувачот  не ја  предал на Општината. Се до официјалното примање на oбјектот, за тековната состојба на терен одговорноста ја носи изведувачот. Веќе е побарана одговорност и образложение од изведувачот на осветлението, за несоодветната прицврстеност на канделабрите.

Општина Битола апелира до изведувачите дека во ниту еден  случај при изведување на градежните работи, не смее да биде загрозена безбедноста на граѓаните. Од Општина   додаваат дека  по овој немил настан ќе ги преземат  сите потребни законски чекори да се утврди одговорноста на изведувачот,се наведува во соопштението од Општина Битола.

На ваквата изјава реагираа околните дуканџии кои велат дека доколку улицата не е завршена и сеуште се реконструира тогаш зошто  до нејзиното завршување и примопредавање  таа не е затворена за  пешаците.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*