Home / Спорт / Успешен старт на кошаркарите на “Младост“

Успешен старт на кошаркарите на “Младост“

Во рамките на првото коло од младинската лига на Македонија за девојки родени 1997/98 г. кошаркарките на “Младост“  ја забележаа првата победа во Кавадарци над домаќинот Академик со резултат 54:46.

Со одлична игра во одбраната победата не беше доведена во прашање во ниту еден момент од натпреварот.

-Добро е кога на почеток од првенството се забележи победа на гостински терен. Самодовербата и подготвеноста кај девојките е на високо ниво и очекувам со добри игри во текот на сезоната да заиграме и на завршниот тунир-ни изјави по натпреварот тренерот Горјан Стојановски.
Во наредното коло екипата на “Младост“  е слободна, а потоа гостува кај Струга 2009. Машката екипа-момчиња родени 2000/01 г. во Сабота се среќава со Кичево, а девојките родени 1999/2000 г. ја дочекуваат екипата на Шкупи од Скопје.

С.Р.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*