.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Uncategorized / Усвоен кварталниот извештај

Усвоен кварталниот извештај

Советниците на денешната седница го усвоија кварталниот извештај за извршување на буџетот на Општината Битола за вториот квартал во 2014 година.
Во вториот квартал во општинскиот буџет се реализирани вкупни приходи од 273 милиони денари од планираните 691 милион или 39, 3 проценти . Реализирани се расходи од 246 милиони од планираните 691 милиони денари или 35,56%.
Опозицијата имаше повеќе забелешки во однос на реализираноста на општинскиот буџет во вториот квартал.
-Истите ставки и од минатата фискална година како локален економски развој, одржување на локални патишта, развојот на туризмот, останаа со ниски проценти на реализација . И оттука сме убедени дека одредени проекти, или ставки во буџетот на крајот од годината ќе бидат со низок процент на реализација-истакна советничката Наташа Петровска, координатор на советничката група на СДСМ.
Од владејачкото мнозинство возвратија дека е направено реално планирање во делот на сопствените приходи на Општината, и оствареноста е во рамки на проекциите со приближно 40 проценти.
-Споредбено до вториот квартал од минатат година може да се спореди дека оваа година се забележува поголемо иззвршување на приходите во буџетот. Овие финансиски параметри ја покажуваат финансиската самостојност на Општина Битола и способноста за долгорочен и одржлив развој- истакна советничката од ВМРО-ДПМНЕ, Соња Карапашовска.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*