Home / Градска хроника / Утре ќе се одржи еколошката акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“

Утре ќе се одржи еколошката акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“

Вкупно 503,89 хектари со 2.611.143 милиони садници ќе бидат пошумени со утрешната, 17. акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“.

Како што информира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), акцијата ќе се спроведува на 60 локации во 30 подружници (катастарски општини), а за пошумување ќе се користат црн и бел, бор, багрем, јасен, јавор, чемпрес, аризонски чемпрес, смрча, дуглазија, даб, питом костен, дива круша, црн орев…,

По повод Денот на дрвото, утре, 30 ноември, е неработен ден, освен за здравствените институции.

Градинките треба да се со вообичаеното работно време. Датумот за одработување на овој ден дополнително ќе биде определен.

Акцијата „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ почна во 2008 година и во првите четири години, до 2011-та, се спроведуваше во две сезони – пролет и есен.

Во последните пет години, пак, пошумувањето се извршува само на есен.

Во досегашните 16 акции се пошумени речиси 13.000 хектари со над 35 милиони садници. Најдобар беше ефектот во 2009 година кога во две акции на речиси 4.000 хектари беа засадени повеќе од 7.900.000 садници.

 

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*