Home / Uncategorized / Утре ќе се пренасочува сообраќајот во близина на црквата Архангел

Утре ќе се пренасочува сообраќајот во близина на црквата Архангел

Од СВР- Битола ја информираат јавноста дека  по повод верскиот празник Архангел ,утре заради зголемена фреквенција и движење на луѓе и возила на тој реон околу црквата, од страна на сообраќајната полиција во попладневните и вечерните часови ќе има пренасочување на возилата по околните улици.

Со цел безбедно одвивање на сообраќајот се замолуваат учесниците во сообраќајот да ги почитуваат наредбите на полициските службеници, а воедно и почитување на сообраќајната сигнализација, апелираат од Секторот за внатрешни работи од Битола.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*