Home / Култура / Утре се затвора Битфест

Утре се затвора Битфест

Со спектакуларен концерт на најголемата македонска музичка ѕвезда, на античкиот локалитет Хераклеја, Владо Јаневски, и изложбата на фотографии на фоторепортерот и новинар на Битолски весник , Сашо Ристевски, во Магазата, утревечер, на 29 август, официјално се спушта завесата на годинашното Битолско културно лето “Битфест 2014“, кое годинава беше најсодржајно и најбогато, со рекорден број одржани културни настани, дури 270.
Повеќе од два месеци во повеќе културни институции, катчиња и алтернативни простори во градот се одржуваа настани за сечиј вкус и за публика од 7 до 77-годишна возраст. Во еден ден се случуваше да има од 3 до 7 настани и Битола, буквално, живееше во тој културен сјај кој привлекуваше и домашни, но и голем број гости однадвор. Поетски вечери, музички концерти, ликовни изложби, промотивни настани, саеми на книги, промоции и ред други креативни и афирмативни настани беа дел од годинашниот “Битфест“, кој секогаш им дава шанса на домашните креативни идеи и алтернативни уметници. Организаторите на “Битфест“ имаат сенс да ги слушнат потребите на публиката и според тоа да ја конципираат програмата.

 

В.М.Мл

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*