Home / Спорт / Утре советниците одлучуваат за продажбата на ФК Пелистер

Утре советниците одлучуваат за продажбата на ФК Пелистер

На утрешната седница на Советот, советниците треба да одлучат кој ќе го купи фудбалскиот клуб Пелистер.
По речиси еден месец одлагања, утре, пред советниците на Советот на Општина Битола повторно на дневен ред ќе се најдат понудите за купување на ФК Пелистер.
Но, иако љубителите на фудбалот очекуваат утре да биде познато кој ќе биде новиот сопственик на Пелистер, сепак како што стојат работите до (купо)продажба нема да дојде, туку советниците на Советот ќе донесат само одлука со која ќе го овластат градоначалникот Владимир Талески да ги води преговорите со понудувачите за продажба на фудбалскиот клуб.
Инаку како што е познато до Општинската администрација досега се пристигнати три понуди за купување на Пелистер. Тоа се понудите на фирмата “Цермат”, ЗК Пелагонија и кипарскиот бизнисмен Гаврилл Папанстасатос.
Иако, официјално никој не сака да зборува за тоа сепак, според добро информирани извори кога се мислеше дека сигурен купец на фудбалскиот клуб Пелистер ќе биде фирмата ЗК Пелагонија, по изгледа дека нов сопственик ќе биде “ Цермат”.
Иако засега оваа информација нема официјална потврда сепак како што дознава порталот на Битолски весник наводно паднал договор фирмата “ Цермат “ да ги купи сите акции на клубот и тој да биде 100 проценти сопственик.
Но дали ваквата информација е точна или не ,никој не сака да потврди, или демантира.
Да потсетиме фирмата “ Цермат “ пред почетокот на фудбалското првенство искажа подготвеност да купи 51 од сто од акциите на Пелистер за што оваа фирма понуди Договор до Општината.
Кога нејзината понуда се најде пред советниците, во меѓувреме градоначалникот Талески побара да се симне точката од дневен ред, затоа што во меѓувреме стигнала понуда и од ЗК Пелагонија за купување на клубот.
Од тогаш се шпекулира(ше) дека сигурен купец на Пелистер ќе биде ЗК Пелагонија.
Што се случи во меѓувреме останува нејасно.
Како и да е. Купувањето на фудалскиот клуб Пелистер веќе подолго време е во центарот на вниманието на битолската спортска јавност и веќе е крајно време да се знае дефинитивно судбината на овој клуб.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*