Home / Uncategorized / Утре Врховен одлучува по жалбата на Грујовски за притворот

Утре Врховен одлучува по жалбата на Грујовски за притворот

Врховните судии утре ќе заседаваат и треба да одлучат дали обвинетите Горан Грујевски, Тони Јакимовски и Никола Бошковски ќе завршат во притвор. Иако роковите почнаа да течат од денеска, кога Врховен ги комплетираше предметите, седницата е закажана за утре. Образложението е отсуството на еден од судиите.
 -Денеска нема да се состане советот од прични што еден од судиите имал смртен случај на близок член од семејството и денес ќе биде отсутен. Најрано што може да се очекува е советот да се состане утре, вели претседателот на Врховен, Јово Вангеловски .
 Претседателот на судот претпоставува  дека најверојатно утре ќе падне и одлука по поднесените жалби за притворите. Вангеловски потврди дека и тој е дел од петорката судии која ќе одлучува.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*