Home / Uncategorized / В петок Апелационен суд- Битола ги отвора вратите за граѓаните

В петок Апелационен суд- Битола ги отвора вратите за граѓаните

По повод Европскиот ден на граѓанска правда Апелационен суд Битола, в петок,  на 24 октомври ќе биде отворен ден за граѓаните и „корисниците на правдата” да бидат запознаени со нејзиното
функционирање.

-За таа цел, ги повикуваме новинарите и граѓаните на Република Македонија на 24-ти октомври да го посетат Апелациониот суд во Битола и судовите на ова апелационо подрачје, така што пред јавноста  ќе ги изнесеме состојбите во кои се наоѓаме, начинот на кој функционираме, како се остваруваат правата пред суд , мерките кои се превземаат за подобрување на работењето и реформите во судството кои се од клучно значење за сегашноста и иднината на нашата земја- информираат од  Апелационен суд- Битола.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*