Don't Miss
Home / Вести / В сабота доделување на признанијата на Битолски весник “Најуспешни битолчани “

В сабота доделување на признанијата на Битолски весник “Најуспешни битолчани “

Во соработка со Центарот за култура Битолски весник в сабота во 12 часот на свечен начин ќе ги врачи признанијата на најуспешните битолчани за 2019 година.

На тој начин Битолски ведник ќе ја задржи традицијата на оваа врвна Манифестација, една од најгламурозните во Битола, која секоја година традицоонано 21 година по ред се одржува во последниот петок на февруари.

Манифетацијата која требаше да се одржи во ресторанот Вавилон, беше прекината поради пандемиајата на само три сати пред нејзиното одржување.

Битолски весник ги почитуваше препораките на Министерството за здравство и одлучи да ја одложи Манифестацијата за 7 дена. Но поради забраните таа не можеше да се одржи.

Не сакајки да ризикува ништо, а пред се имајки го во предвид здравјето на гостите Битолски весник одлучи во договор со Центарот за култура оваа година Манифестацијата да ја одржи в сабота на 24 октомври по сите здравствени протоколи во Големата сала на Центарот.

Влезот е слободен и ограничен на 200 гости.

Ќе бидат доделни признанијата по категории, а и посебни признанија, по истото сценарио кое беше планирано за 29 февраури.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*