.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Политика / Васко Ковачевски: Ќе обезбедиме стабилен електро-енергетски систем

Васко Ковачевски: Ќе обезбедиме стабилен електро-енергетски систем

-Во децениското владеење на ДПМНЕ цената на струјата порасна за повеќе од 100%. РЕК “Битола“ е донесен пред колапс, поради што имаме намалено производство на електрична енергија а зголемен увоз на скапа струја.  Поради немањето грижа за поврзаноста на енергетиката и заштитата на животната средина Битола и битолчани се гушат во најзагаден воздух во Европа- посочи денеска во Битола,  Васко Ковачевски, кандидат за пратеник во Петтата изборна единица  од Здружената опозиција предводена од СДСМ.

Според него, СДСМ заедно со коалицијата има план за Битола, има план за РЕК Битола, има план за енергетиката во Македонија.

-Ние како идна власт после 11-ти декември се обврзуваме дека Битола и битолчани повторно ќе дишат чист воздух.  Ќе обезбедиме стабилен електро-енергетски систем. Ќе извршиме гасификациија на Битола по примерот на Струмица. Помали трошоци почиста средина.  Ќе обезбедиме пристојна работа и мотивирани работници во РЕК “Битола“. Вработените во РЕК ќе останат на работа. Нема да има отпуштања. Ќе има бесплатен превоз за сите вработени. Нема да плаќаат сами. Ќе има бесплатен оброк за сите вработени. Работниците нема да работат гладни. РЕК Битола пак ќе биде столбот на енергетскиот систем во Македонија! Ќе ја вратиме евтината тарифа на струјата. Евтината струја ќе биде достапна не само во недела, туку цел викенд. Дополнително граѓаните ќе добијат уште 2 часа дневно ефтина тарифа. Енергетски ваучери за помала енергетска сиромаштија. Планираме воведување на енергетски ваучери, за плаќање на сметки за електрична и топлинска енергија , природен гас или за купување на огревни дрва или биомаса, за категоријата на граѓани опфатени со Законот за енергетска сиромаштија.  Македонско сонце за мекедонска енергија. Производството на електрична енергија од фотоволтаични панели нема да биде привилегија  за богатите поединци, туку можна реалност за секое македонско семејство- вети пред битолчани,  Васко Ковачевски, кандидат за пратеник во Петтата изборна единица  од здружената опозиција предводена од СДСМ.

 

Б.В.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*