.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Политика / ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се безидејни, немаат програма, капацитет и способни луѓе да ја водат државата

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се безидејни, немаат програма, капацитет и способни луѓе да ја водат државата

СДСМ немаат програма капацитет и способни луѓе и единствено им останува само плукање, негирање и омаловажување,  нешто што во последниве две години од политичката криза, видовме дека нивниот  лидер Зоран Заев со малото друштво околу него,  најдобро знае да го прави, возвратија на пресот на СДСМ, од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Битола.

-Дел од  таканаречената  Програма како СДСМ ја препишаа, слоганот и боите на кампањата ги украдоа и со продавање гол, неаргументиран, нереален популизам кој примамливо звучи ама е неостварлив, се надеваат дека ќе излажат барем понекој од своите некогашни поддржувачи, кои денес исто така им го вртат грбот. Поддршката и кај своите ја изгубија, со обидот да излажат  и понекој од чесните албански гласачи,откако Зоран Заев отвори многу опасни, етнички теми кои ја загрозуваат унитарноста на државата и заговараат редефинирање на нејзиното уредување.

Дури и нивните  партиски членови знаат дека единствено ВМРО-ДПМНЕ има обемна, реална и остварлива Програма на петстотини страници , дека Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  има знаење, капацитет , стручни луѓе и широка народна поддршка реално  да ги оствари ветените проекти, од прв до последен, со прецизни рокови и детален буџет.

Ние немаме намера да негираме дека во остварувањето на досегашните програми и проекти  на Владата и Општината предводени од ВМРО-ДПМНЕ имало и понекој пропуст, превид или  задоцнување. Не сакаме да тврдиме дека сме безгрешни .Но тоа не не колеба во ниту еден момент да се откажеме од било кој ветен проект, како што до сега во најголем дел и сме ги оствариле.

Проектите кои се однесуваат на Битола имаат значајно, централно место во нашата изборна Програма и по важност, и по обем, и по издвоени средства и нашите сограѓани  најдобро знаат  да оценат што за нив е најдобро,  и кој знае, умее и може да обезбеди работа, стабилност и напредок за Битола и Република Македонија- посочи Валентина Маркоска, портпарол на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола.

 

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*