Don't Miss
Home / Uncategorized / ВМРО организира митинг пред судот

ВМРО организира митинг пред судот

Опозициската ВМРО ДПМНЕ денеска со соопштение повика на протест во 13:30 пред судот во Скопје.

„Полицијата упадна во домовите на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, членови на Извршниот комитет, поранешни функционери на партијата и други јавни личности. Полицијата по наредба на Зоран Заев не го почитуваше пратеничкиот имунитет, туку единствено политичките наредби за пресметка со неистомислениците.

Денешниот упад и приведувањето на функционери на ВМРО-ДПМНЕ се обид да биде замолкната опозицијата и да се скрши отпорот на партијата против сите антидржавни политики што владата ги реализира периодов.

Во момент кога владата разгледува предлог закон за ослободување на криминалците од затвор, кога се најавува ослободување на убијците од Смилковско езеро и кога убијци се шетаат слободни по улиците, Зоран Заев нарачува политички прогон врз ВМРО-ДПМНЕ заради наводно терористичко загрозување на уставниот поредок.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите членови и симпатизери на партијата и сите граѓани кои не се согласуваат со антидржавната политика на владеачката хунта да излезат на протест пред основниот суд Скопје во 13:30 часот“ се вели во соопштението на партијата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*