.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Во Бистрица отворен меморијален споменик на НОВ

Во Бистрица отворен меморијален споменик на НОВ

    

Делегација предводена од градоначалничката на Општина Битола м-р Наташа Петровска, претставници на Советот на Општина Битола, претставници на Општинската организација на Сојузот на борци Битола и претставници на Општинската организација на СДСМ-Битола, положија свежо цвеже на возобновениот меморијален споменик од НОБ во селото Бистрица.

На барање на локалното население и на Сојузот на борци, Општина Битола изврши санација на меморијалниот споменик на НОБ во селото Бистрица, која што опфаќа санација на постоечкиот споменик и целосно уредување на просторот околу него, со поставување на бехатон плочки на патеките, чистење на одводните канали, поставување на канделабри, клупи и хортикултурно уредување на целиот простор. За санација на споменикот и паркот, Општина Битола инвестираше 1.801.696 денари.

-Почитта кон оние коги што го дадоа најсветото, сопствените животи, не се искажува само со еден ден, еден подарок, со поставување цвеќе пред спомен обележјата. Оваа локална самоуправа покажа дека почитта треба да се негува постојано, а тоа е најдобар пример со возобнувањето на овој споменик и на тој начин дава придонес кон зачувувањето на споменот на оние од минатото, кои што се најзаслужни за нашата слобода. Не само што го возобновивме споменикот, извршивме реконструкција, туку и целосно се изврши хортикултурно уредување на овој дел околу споменикот во Бистрица, каде што многу често сега навраќаат и битолчани. Навраќа и месното население, се дружат и на тој начин го сочувуваат споменот за се што се случувало во минатото. Само така, како народ, можеме да покажеме дека врдностите кои што се негуваат од историјата, можеме да ги сочуваме, а со тоа и да се сочуваме себе си. Нека ни е честит 11 Октомври, денот на востанието и борбата против фашизмот“, порача градоначалничката Петровска.

Свечениот чин беше збогатен и со настапот на младиот Огнен Радуловиќ, кој ги воодушеви присутните со изведба на македонска композиција на гајда.

Споменикот на НОБ во Бистрица го симболизира Вториот реонски комитет на Комунистичката партија на Битола и Битолско и има големо значење за регионот, историјата и антифашистичката борба.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*