.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Вести / Во Битола и кучињата во карантин

Во Битола и кучињата во карантин

                  

Вториот ден од Велигденските празнувуања, кога во државата владее 24 часовен полициски час, Битола е буквално празна.

          За време на едночасовната проштека низ  градот  забележавме едвај два три тројца  битолчани кои со дозволи за непречено движење за нега на  своите родители,  се движеа по битолските улици.

          Други лица буквално немаше, што е потврда дека битолчани го почитуваат полицискиот час, што ни го потврдија и дежурите милиционери кои го контролираа спроведуањето на полицискиот ас.

          Тоа што успеавме да го зебележиме беа екипите на ЈП “ Комуналец “ кои со помош на волонетри се распоредуваа за дезинфекција на станбените објекти. Во центароит на градот ги затекнавме неколку аптекарки на “ Зегин “ кои се враќаа од достава на лекови на хронични болни во нивните домови и сопственикот на ресторанот “ Буре“ кој бадијала очекуваше повици за достава на храна.

          Широк Сокак беше буквално празен. Дури и кучињата кои во другите денови ги има во голем број на оваа најфреквентна улица  како да останаа во карантин па  ги немаше на улицата.

          Колку битолчани го почитуваат полицискиот час најдобра потврда е што  денеска ги немаше ни верниците, па така црквата “ Св. Димитрија “ уште во 11.30 часот беше затворена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*