Don't Miss
Home / Вести / Во Битола се бараат стари печки како алва

Во Битола се бараат стари печки како алва

                      

            Денеска во Битола почна  предавањето на  старите печки на тврди или фосилни горива за носителите на домаќинствата, кои беа субвенционирани на јавниот повик за субвенционирање на домаќинства во Општина Битола за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди, информираат од општината.

            Ако се суди по тоа колку стари печки беа вратени денеска враќањето на печките  ќе се одвива многу бавно, бидејки многу мал број битолчани вратија стари печки.

            Инаку последните денови, откако Општинта го објави јавниот оглас за враќање на старите печки  голем број битолчани се во потрага по стари печки.

            Старите печки се бараат како  алва, не само во Битола туку и во соседните општини.

Тоа зборува дека  не мал број битолчани конкурираа  и добија инвертер клими иако не се грееја со огрево дрво.

Но со оглед дека сите корисници на инвертер клими имаат потпишано изјави дека доколку не вратат печки кривично ќе одговараат тие се сега во потрага по стари печки.

Интересно ќе биде колку и какви  печки  ќе се вратат по што ќе се види на што се грееја битолчани пред да ги добијат инверетр климите.

Инаку согласно условите во јавниот повик, граѓаните ги предаваат без надомест печките на тврди или фосилни горива во ДООЕЛ Отпад „Чамец“ Битола, кој се наоѓа на патот за Могила од лева страна.

Предавањето се одвива согласно утврдениот распоред, со кој превидено е седмично да се предаваат 600 печки. При предавањето на печките, граѓаните добиваат потврда, која заедно со копија од гарантниот лист и копија од документот за монтажа на инвертер клима уредот, треба да ја достават до Општина Битола од 08 до 16.00 часот истиот ден или најдоцна до 12.00 часот следниот ден, во зградата на Советот на Општина Битола (зад општинската зграда).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*