ЕВН 1-3(1-1) ЕЛЕМ
ЕВН : Никола Атанасов 4”
ЕЛЕМ : Синиша Ковачевич 8” 25”, Владе јанакиевски 34”
Електричното дерби помеѓу екипите на ЕВН и ЕЛЕМ започна во висок ритам и на двете страни. Екипите играа мотивирано со одлична поставеност како во делот на нападот така и во делот на одбраната.
Во текот на целото прво полувреме се играше цврсто во одбраната и на двете страни како не би дошла противничката екипа до отворена шанса за гол. Прва до водство дојде екипата на ЕВН во 4” преку маестралниот гол на Атанасов кој им донесе водство од 1-0.
Екипата на ЕЛЕМ успеа да возврати преку Ковачевич 8” со што го израмни резултатот на 1-1.
Во продолжеток на полувремето се играше егал со што резултатот остана непроменет до крајот на првото полвреме.
Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ влезе во ритам, направи притисок во предно поле со кој успеа да дојде до неколку отворени шанси за гол, и со одлична реализација стекна резултатска предност од 1-2.
Во тие моменти ЕВН се обиде да израмни но ЕЛЕМ не го дозволи тоа па преку Јанакиевски 34” зголеми на 1-3, резултат со кој заврши овој натпревар.
Извор biznisliga.org