Home / Колумни / Во корист на сопствената штета

Во корист на сопствената штета

               

        Пандемијата од корона вирусот во изминатите денови  ми се чини го доживува својот  пик.

        Во Македонија, а во таа смисла и Битола  човечките животи веќе подолго време се (само)статистичка бројка.

        Секоја вечер и утро буквално ни почнува со презентацијата на бројките колку се заразиле, колку починале, колку се на кислородна поддршка, колку на респиратори.

          Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата  до пишувањето на овој текст изнесува(ше) 53.631,а  1487 заболени починаа.

        Илјадници наши (со)граѓани се во (само)изолација.

Во болниците на државата веќе нема ни едно легло празно. Здравствениот систем веќе подолго време е на респиратори, а здравствените работници само што не кренале раце и не признале дека се целосно исцрпени и не можат да се справат со пандемијата.

        Последните денови станува драматична состојбата со пандемијата и во Битола, каде бројот на заболените се искачи  до 1.000 лица, а постојано слушаме за по некокумина починати на ден.

         Во изминатите денови битката со пандмеијата ја изгубија голем број (не)познати битолчани.

        Лично и мене ми починаа неколкумина блиски роднини и пријатели.

        Суровоста на оваа пандемија  е што и  за време на лекувањето и по смртта, на оној свет починатите заминуваат  сами, без нив да ги испратат и нивните најблиски, во придружба само на полициската придружба и гробарите.

        Во редакцијата секојдневно добивам (де)зинформации за тоа како пациентите и медицинскиот персонал  на Инфективното одделение во Клиничката болница се справуваат со пандемијата.

        Од сликите кои ги добивам атмосферата е навистина исклучително драматична и наликува како во Бергамо, Италија.

        Во таква ситуација од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести секојдневно упатуваат апели за почитување на мерките за (само)заштита, носење маски,  држење дистанца и одржување хигиена.

       Иако тие постојано укажуваат на драматичноста на ситуацијата, за што во државата се воведе Кризна стсојба и буквално молат да се почитуваат мерките и препораките,за жал нивните апели не стигнуваат до сите граѓани.

        Во Македонија, а во таа смисла и Битола, иако најголемиот број од граѓаните ја сфакаат сериозноста на болеста  и ги почитуваат (пре)пораките, не е мал бројот на тие кои не веруваат во тоа што им  го кажуваат здравстевните работници и “тврдат “ дека пандемијата не постои и дека таа е измислена болест на мултинационалните фармацвски компании.

        Тоа што посебн загржува е што голем број од граѓаните маските ги носат само формално, колку за да се речи дека ги почитуваат (пре)пораките.

        Има и такви кои иако имаат скромно образование се однесуваат како здравствени експерти и тврдат дека вирусот не постои, дека се е голема лага.

        За жал токму таквите се  гласни, многу  погласни дури и од најдобрите епидемиолози.

        Некои тврдат дека вирусот го прележале на нозе, без ниту еден ден да не изгубат од работата.

        Притоа молчат или не кажуваат дали со таквото однесување не заразиле некој друг.

        Во последно време, особено  по законските измени, кога  отсуството од работа поради корана  вирусот се наплаќа и на вработените им се скратува од платата, голем број граѓани, за разлика од порано, кријат дека се позитивни и “заразени “ одат работа, без да пријават дека се болни и да се изолираат.

        Многумина ниту знаат, ниту се сеќаваат со кого биле во контакт па така сега  логоритмите тешко можат да се направат.

        Како човек кој како и секој обичен граѓанин е одговорен не само  за сопственото здравје, туку и здаравјето на своите најблиски и на кој (нај)тешко му паѓа седењето дома, буквално не можам да сфатам колку можеме како луѓе да бидеме толку неодговорни.

        Имам впечатк како сето она што ни се случува како да не ни се случува нам,  како од пандемијата да се засеганти некои други луѓе, народи, држави.

        Кај нас како да стана пиењето кафе поважано од грижата за својот живот и животот за своите најблиски.

        Луѓе без маски, начичкани на малите масичиња по неклкумина во кафулињата, со часови ги верглаат истите муабети, кои уверен сум дека по стопати си ги имаат (прерас)кажано.

         Пред почетокот на пандемијата  многу компании веднаш им ставија клуч на фабриките. А сега иако знаат и се свесни дека многу нивни работници се позитивни и болни одат на работа, не ги спроведуваат здравствените протоколи.

        Гледам попушти дисциплината кај многумина.

        Колку и да се вадат дека пандемијата е непозната заразна болест, во справувањето со неа лутаат и  здравствените работници, а и политичарите.

        Тоа ме плаши.

        Ме плаши и тоа што пандемијата стана наместо државно, партиско – политичко прашање, по кое со месеци  водат дијалог на глуви политичките лидери и здравствените работнции членови на нивните партии.     

        Состојбата е премногу сериозна за да ние бидеме толку несериозни.

        Единстевно што се бара од нас и во што се согласуваат речиси сите здравствени работници не само од кај нас, туку од целиот свет   е носење маски, држење дистанца, намалување на контактите и одржување на личната хигиена.

        Зарем е тоа многу, или  е тешко да се почитува.

          Лекарите велат и предупредуваат  дека со почитување на мерките ние не само што  самите си го зачувуваме својот живот, туку го зачувуваме и животот на своите најблиски, на своите пријатели, комшии, сограѓани, им помагаме на лекарите.

         Се покажа дека Ковидот 19 не прави селекција при заразата. Тој ги опфака сите кај кои ќе најде плодна почва.

        Доста работевме во  корист на сопстевната штета.

        Крајно е време да се свестиме и да бидеме одговорни и спрема себеси и спрема другите.

        Неодговорноста гледаме до каде не доведе, човечките животи да ни станат статистички бројки, кои поради секојденвното зголемување на бројот на заразени и починати брзо се забораваат и ги памтат само најблиските, тие кои знаат што и кој го изгубија.

Колумната можете да ја прочитате во најновиот број на Битолски весник

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*