Во бисерот на Пелагонија, манастирот Рождество на Пресвета Богородица со Вечерна богослужба со која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство митрополитот г.Петар, започна чествувањето на празникот на Раѓањето на Мајката Божја.
И оваа година, во услови на пандемија, кога човештвото е исправено пред новото искушение, продолжи традицијата на чествување на големиот празник Рождество на Пресвета Богородица во истоимениот храм во село Новаци но без досегашните официјални приеми, приредување на манастирски ручек и културно-уметничка програма.
Грижејќи се за духовното, но и за телесното здравје на своите верници општина Новаци и манастирската управа ги презедоја и спроведија сите мерки согласно законските правила и услови за заштита од вирусот со цел достојно одбележување на празникот во услови на пандемија .
-И во услови на пандемија, со строго почитување на мерките и протоколите за заштита од Ковид-19, ја продолжуваме традицијата на чествување на големиот христијански празник Рождество на Пресвета Богородица, или Мала Богородица во нашиот бисер и културен храм , манстирот Рождество на Пресвета Богородица во село Новаци. Огромна е културната улога на овој храм за развој на нашата општина. Повеќе децении во храмот Рождество на Пресвета Богородица многумина го наоѓаат својот духовен мир. Овој храм претставува културен белег и заштитник на нашиот народ. Локалната самоуправа секоја година го помага манастирот во делот на подготовките околу големиот настан како и финансиски и е во постојана координација со манастирскиот одбор.Како локална самоуправа апелираме за достојно одбележување на празникот, верниците да се придржуваат и да ги почитуваат пропишаните мерки и протоколи да се грижат за сопственото но и јавното здравје, истана во честитката градоначалникот на Новаци, Љубе Кузманоски.
“И оваа година и покрај состојбата со коронавирусот, традицијата на одбележувањето на празникот е запазена но во духот на почитување на мерките и протоколите. Бидејќи изостанаа традиционалнте приеми, ручек и културно-уметничка програма, кумството останува кај Ирена Деловска. Со вечерна и утрена богослужба и света божествена литургија, празникот е достојно одбележан”.-истакнаа од Манастирскиот одбор.