Home / Uncategorized / Во сообракајна несреќа загина татко, син му се бори за живот

Во сообракајна несреќа загина татко, син му се бори за живот

Битолчанец починал вчера во сообраќајна несреќа информира МВР.

Имено вчера околу 06:50 часот на локалниот пат село Кукуречани – село Драгожани, битолско, се случила сообраќајна незгода помеѓу товарно возило со битолски регистарски ознаки и патничко возило „Пежо“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 52-годишниот М.Ш. од село Секирани, битолско.

Во незгодата починал М.Ш.. а неговиот син со тешки повреди е пренесен во Клиничката болница каде се бори за живот.

Инаку според информации на Битолски весник таткото со своето возило го носел син му кој бил со мала ретардација на училиште во Битола Увид извршила екипа на СВР Битола и се работи на расчистување на случајот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*