Home / Македонија / Врачена државната награда “11 Октомври“ за 2014 година

Врачена државната награда “11 Октомври“ за 2014 година

Во Собранието на Република Македонија денеска беше врачена државната награда „11 Октомври” за животно дело за 2014 година.

Во областа на науката и образованието наградата ја добија алергологот и пулмолог проф. д-р Дејан Докиќ и историчарот проф. д-р Зоран Тодоровски, а во областа на културата – музичарот, диригент и педагог Рамадан Шукри, доајенката на македонската народна песна Вања Лазарова и академик Катица Ќулавкова.
Им ги врачи академик Митко Маџунков, претседател на Одборот за доделување на државната наградата. Тој истакна дека без оглед на тоа каков е односот на светот кон нас, ние нашиот свет треба да го сочуваме и да го оставиме поубав одошто сме го добиле како животен дар.

Во име на петтемина годинашни добитници на наградата „11 Октомври” се заблагодари академик Катица Ќулавкова, која истакна дека датумот 11 Октомври 1941 е длабоко и заветно втиснат во македонската национална свест и, како што рече, го одржува свежо сеќавањето на преломниот период од поновата македонска историја, кога се создава современата македонска национална и граѓанска држава и нејзините институции.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*