Home / Uncategorized / За љубителите на скијањето Стрежево набави ски санка

За љубителите на скијањето Стрежево набави ски санка

ЈП „Стрежево”-Битола, кое стопанисува со ски-центар „Ниже Поле”, e подготвенo за новата скијачка сезона, а за љубителите на скијањето набавена е и ски санка.

Според генералниот директор на ЈП „Стрежево”-Битола, Методија Граматковски, ивестирањето во ски центарот е во функција на негова модернизација и обезбедување безбедно скијање.

– Набавивме специјализирана машина за обработка на снег, тапкач на снег,односно ратрак и за прв пат на патеките на нашиот ски центар ќе се појави современа ски санка  со исклучително прецизно управување, која ќе игра многу важна улога во безбедноста на патеките односно елиминирање на ризиците во сите снежни активности на нашите ски патеки. При евентуална повреда на скијач на повисоките предели ќе може безбедно повреденото лице да се пренесе до почетната станица, а од друга страна тапкачот на снег ќе овозможи уредување на патеките и подобрување на условите за скијање, истакна Граматковски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*