Home / Вести / За доградбата на “Плодност“ поднесена анонимна кривична пријава

За доградбата на “Плодност“ поднесена анонимна кривична пријава

        Дека доградбата на болницата за гинекологија и акушерство “Плодност“ од Битола на некои во Битола им сметала најдобра потврда е што за доградбата е поднесена анонимна кривична пријава од НН лице.

        Во одговорот што  редакцијата на Битолски весник го доби денеска од Основното јавно обвинителство,  стои дека во “Основното јавно обвинтество е примен анонимен поднесок од Граѓанин на Битола насловен како “ Барање за кривичен прогон за злоупотреба “.

 Во врска  со овој поднесок во ОЈО Ботола оформен е предмет и постапката по истит е во тек“.

        Чудно е што загрижениот граѓанин за доградбата на “Плодност“ кривичната пријава за злоупотреба ја поднесол анонимно и што  во истата не е наведено ни против кој е поднесена,за  кое кривично дело и за каква злоупотреба е поднесена.

        Од добро информирани извори дознаваме дека кривичната пријава од анонимен граѓанин е намерно поднесена се со  да се опструира дограбата на “ Плодност “.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*