Home / Спорт / “ЗА-НЕД-ДО” врши упис на нови членови

“ЗА-НЕД-ДО” врши упис на нови членови

Академијата за боречки вештини “ЗА-НЕД-ДО” – Битола (Кунг Фу Клуб “Битола” – Битола), врши УПИС на нови членови. Сите оние кои ги сакаат боречките вештини, работата со традиционално оружје, самоодбраната или воопшто дружење во спортски дух, Академијата за боречки вештини “ЗА-НЕД-ДО” – Битола и оваа година ги отвара своите врати за заинтересираните.
– На сите кои имаат интерес им сугерираме да ја искористат и можноста да ја изучуваат боречката вештина ТФС – Топ Фајтинг Систем, осмислена и основана од мајсторот Златко Неделковски, а наменета за сите генерации. Бидете дел од најголемата академија за боречки вештини, каде инструктори се светски шампиони и спортисти со долгогодишно искуство- порачуваат од Академијата.
Инаку, во склоп на Академијата за боречки вештини “ЗА-НЕД-ДО” – Битола, функционира и Диди ТФС Тим, секција за понежниот пол, место каде што низ многу дружење но и дисциплина, тренинг и упорност се постигнува целта за совршено и пред се здраво тело со професионалните совети на инструкторката Дијана Неделковска.
Уписи се вршат во месната заедница “Тодор Ангелевски“, секој ден по 18 часот. За подетални информации, обратете се на Фејсбук страницата : ДИДИ ЗА НЕД ДО или на маил: d_nedelkovska@yahoo.com
Бидете и Вие дел од нашето големо семејство, дел од нашата Академија , но направете го тој чекор првенствено за вас, вашето здравје низ вашата правилна физичка активност- порачуваат од Академијата за боречки вештини “ЗА-НЕД-ДО” – Битола.

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*