.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Македонија / Заев осуден во спорот со Груевски

Заев осуден во спорот со Груевски

Основниот Суд Скопје 2 го прогласи за виновен лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев во судскиот спор со премиерот Никола Груевски и го задолжи да плати 50 илјади евра казна за клевета и навреди на премиерот Никола Груевски.
Ваквата пресуда беше донесена веднаш по изнесувањето на завршните зборови на тужителот Груевски и одбраната на Заев.
Пресудата на Основниот суд Скопје 2 предизвика различни реакции во јавноста, но за ваквата пресуда одбраната на Заев најави жалба до Апелациониот суд.
Инаку, Основниот суд Скопје 2 му досуди надомест на штета на тужителот Груевски во максимален износ, колку што тој побара, 50.000 евра.
Претходно, Груевски бараше 500 илјади евра, но подоцна, по неговиот распит, тој ја спушти цената на 50 илјади евра.
Адвокатот на премиерот Никола Додевски рече дека во овој случај се работи за еден од најтешките облици на клевета сторени во нашата судска практика,
-Тужениот, не само што не успеа да ја докаже вистинитоста на неговите изјави туку не успеа да докаже ниту дека имал основа да поверува во вистинитоста на тоа што го изјавил на неговите прес-конференции, дури ни со доказите приложени од него”, изјави Додевски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*