Don't Miss
Home / Македонија / Заев: Републиката повторно ќе ја изградиме според илинденските идеали

Заев: Републиката повторно ќе ја изградиме според илинденските идеали

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, денеска од Крушево го честита големиот државен празник, 2 август – Ден на Републиката, во свое име и во име на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија.

Лидерот на СДСМ изјави:

-Веќе со години во Македонија е наметната една лажна привидна поделба на партизани и комити со цел едната партија да се поврзе со наследството на броците од првиот Илинден, а другата со востаниците од вториот Илинден. Не постои таква поделба. Нема поголем доказ од фактот дека партизанските одреди ги носеа имињата на илинденските дејци Гоце Делчев, Даме Груев, Питу Гули, Никола Карев.
Не постојат два различни идеала, две различни револуции. И во 1903 и за време на Народно ослободителната борба, и во минатото и денес, постоел и постои само еден идеал, слободна Македонија во којашто достоинствено ќе живеат сите нејзини граѓани. Денес најмоќното оружје е гласот на граѓанинот. Го слушаме тој глас, кренат и бунтовен низ улиците веќе со месеци. Многу бргу тој глас ќе се преточи во гласачки ливчиња и во победа на илинденските идеали за слободна, демократска и просперитетна Македонија.

Оваа наша република  ќе му припаѓа на граѓанинот на Р.Македонија. Ако можеше Македонија многу пати да се крева од пепелта ќе се крене и денес.  Дали сме ги исполниле соништата на борците од сите илиндени, на нашите знајни и незнајни јунаци, денес се мери според квалитетот на животот.

Затоа нам ни треба нов четврти Илинден во којшто ќе се обединиме одново без разлика на вера, народност, пол и убеденија. Заедно, браќа, сестри, земјаци и комшии како што е запишано и во Крушевскиот манифест, ќе се избориме за право, слобода и за социјална правда.

Денес, не повикуваме слобода или смрт, туку и слобода и живот, затоа што денес знаеме дека тоа е остварливо.

Го посетив денеска и гробот на нашиот музички великан од овој град Тоше Проески и сакам да завршам со стих од една негова песна “И секогаш по дождот иде сонце“- изјави лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

 

Б.В.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*