Home / Uncategorized / Законот за амнестија го чека парафот на претседателот Иванов

Законот за амнестија го чека парафот на претседателот Иванов

Законот за амнестија, откако вчера беше изгласан во Собранието, е испратен на потпис кај претседателот Ѓорѓе Иванов, по што за да стапи во сила, треба да биде објавен и во „Службен весник“.

Вака ифнормираше претседателот на Собранието, Талат Џафери, кој рече дека Законот ќе биде потпишан во најбрз можен рок.

Обвинетите за случувањата од 27 април минатата година во Собранието, законски, ќе имаат пет дена да поднесат барање за амнестија.

По тоа барање, во рок од уште пет дополнителни дена ќе одлучува судот, односно Судечкот совет на чело со претседателката Добрила Кацарска, во консултација со јавната обвинителка Вилма Рускоска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*