Home / Uncategorized / Ѕанакопулос:Уште неколку чекори до договор

Ѕанакопулос:Уште неколку чекори до договор

Зборувајки за тоа до каде се преговорите околу спортот за името, портпаролот на Грција Ѕанакопулос изјави:

-Топката сега е на теренот на соседите и треба да направат уште неколку чекори за да стигнеме до договор.

Ѕанакопулос смета дека се направени доста чекори со самата промена на „радикалните и националистички ставови на претходните влади“ во Скопје, но сепак додава дека постојат прашања кои не се едноставни, а техничката фаза е доста тешка.

– Сметам дека е факт оти има политичка волја и од двете страни, но сепак постојат прашања што не се едноставни, не се од технички карактер, а главното е прашањето за уставна ревизија за да се покрие предусловот на ерга омнес. Затоа што знаете дека грчката Влада во преговорите доаѓа и вели дека ќе се согласи за сложено име што ќе биде за сите, ерга омнес и ќе биде за севкупна употреба. За ова ерга омнес, очигледно дека е предуслов е уставна ревизија од страна на соседите – вели портпаролот на грчката Влада и министер без ресор, Димитрис Ѕанакопулос.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*