Don't Miss
Home / Култура / Започнува „Битола Шекспир фестивалот“

Започнува „Битола Шекспир фестивалот“

Со музичко- сценскиот перформанс на култниот битолски бенд „Фолтин” кои подготвија музичка програма инспирирана од делата на Шекспир, вечерва во Центарот за култура во Битола со почеток во 20 часот,  официјално започнува четвртото по ред издание на интернационалниот театарски фестивал „Битола Шекспир фестивал”.

Во перформансот кој е насловен „Шекспир засекогаш“ ќе учествуваат актери од Санкт Петерсбург, Русија,  како и од Народниот театар од Битола.

Во следните денови на програмата на годинашното фестивалско издание кое се одржува во рамките на светската прослава на јубилејот – 400 години од смртта на Шекспир, се претстави од театарски куќи од Србија, Израел, Соединетите американски држави, две претстави од Полска, една претстава во изведба на актерите од Турскиот театар од Скопје, како и две претстави од Битолскиот театар. Годинава ќе се презентира и копродукцискиот проект помеѓу компанијата „Лит Мун“ од САД и Битолскиот театар кој предвидува четири кратки претстави со мешани екипи од двете компании. Во рамките на фестивалот ќе се одржат и две работилници и презентација на книги печатени во 3Д технологија, организирани од полски уметници, а посветени на делото на Шекспир.

„Битола Шекспир фестивал“ кој се одржува со поддршка на Министерството за култура, од годинава е полноправна членка на Европската асоцијација на Шекспир фестивали.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*