Home / Колумни / Заробени мисли за “отворени листи “

Заробени мисли за “отворени листи “

               

        Иако до локалните избри има уште речиси девет  месеци,  сепак (пред)изборната кампања веќе се чувствува на политичката сцена.

        Партиските кујни почнаа  наголемо калкулираат околу тоа со кои кандидати ќе истрчаат на претстојните локални избори.

        Во јавноста веќе можат да се слушнат некои имиња со кои партиите планираат  да излезат на изборите и да ја (при)добијат довербата на граѓаните.

        Но како што кај нас е правило пред да се добие довербата на граѓаните, треба најпрво  да се добие довербата во партијата.

        Според познавачите на политичките збиднувања на македонската политичка сцена добивањето на довербата во партијата е  многу посложена и потешка работа,  отколку добивањето на довербата на граѓаните.

        Тоа особено е важно за кандидатите за градоначалници, додека за советничките места во овој момент речиси никој не размислува.

          И токму  сега, кога се наоѓаме на  9 месеци пред локалните избори во јавноста веќе е промовирана идејата на следните избори кандидатите за советници да се избираат на отворени листи, на кои граѓаните ќе можат да гласаат за поединци, а не за партиските листи.

        На тој начин сметаат тие кои го промовираат ваквиот изборен модел, граѓаните на претстојните локални избори ќе можат да се определат за некој од поединците кои ќе се најдат на кандидатските листи, без разлика на кое место тие се наоѓаат.

        Со тоа сметаат промотерите на  ваквиот изборен модел изборот на советниците ќе  го прават граѓаните, а не партиските лидри и тесните  партиски раководства.

        На тој начин во советничките клупи ќе можат да  седнат (и) оние кандидати кои од разно- разни причини наместо на добитните места биле ставени на губитничките  од кандидатските листи.

        Со оглед на тоа што ваквиот предлог за отворени листи  доаѓа од малите политички партии, а засега големите партии  си седат на ушите околу овој предлог, прашање е дали истиот ќе биде прифатен и на следните локални избори во Македонија ќе имаме  гласање за “отворени “ советнички листи.

        Прашање е колку големите партии во овој момент се подготвени да имаат во советничките клупи советници кои би дискутирале и гласале не  како шти им сугерира партијата,  туку по сопствено  (раз)убедување.

        Таквата дилема се јавува затоа што јавна тајна е дека по воведувањето на плурализмот на македонската политичка сцена и воведувањето на повеќе партискиот систем прва “жртва” на  политичките партии беше размислувањето со своја глава, или гласањето по сопствено лично (раз)убедување.

        Речиси во сите политички партии, без исклучок советниците, или пратениците, дискутираа(т) и гласаа(т) така како што ќе им се наложеше од партиското раководство и дека  притоа мораа(т) строго да се почитува партиската дисциплина.

        Од такво однесување не беа имуни ни градоначалниците, кои наместо да ги реализираа(т) програмите за граѓаните, во најголем дел ги реалзираа(т) партиските програми.

        Ретки се случаите кога некои советници,  или пратеници се “охрабриле “ да гласаат по свое  сопствено убедување и по сопствен избор.

        Доколку тоа некои го стериле, по правило се нашле на црните листи и биле  партиски дисциплинирани, или пак морале да ја напуштат партијата.

        Скоро  е вообичаено за сите одлуки, решенија, или гласање да се одлучува на координативните состаноци, пред одржувањето на седниците на кои се договара  какви одлуки треба да се донесат.

        Оттаму доста често имаме во праксата кога некои советници иако не мислат така, сепак  во зависност од тоа што ќе се одлучи на координација мораат така  да ги бранат и застапуваат одлуките за кои тие или имаат спортивен став, или не мислат така.

        Тие правила постојат уште од воведувањето на “плурализмот” на македонската  политичка сцена.

        Како во општинските совети, иста е состојбата и во политичките партии, каде ретко кој се осудува да му се спротистави на лидерот на партијата, или на потесното партиско раководство.

        Ретки се примерите кога некој се спротиставил на таквите  најчесто авторитарни одлуки, дури и кога добар дел од  нив или членството знаеле дека се погрешни.

        Ова не го кријат ни голем број членови на политички партии, кои тврдат дека во голем број случаи гласале против сопственото убедување и волја.

        Токму затоа во политичките кругови ќе ви речат дека во партиите вакви, какви што се, потешко е да се добие довербата на партиското раководство, отколку на грѓаните.

        Како ќе биде за претстојните избори останува да се види.

        Се чини многу работи ќе станат појасни по мартовскиот конгрес на СДСМ, за кој  е донесена одлука  лидерот на партијата да се избира од повеќе кандидати по принципот еден член еден глас.

        Во таа смисла  сега во тек е ажурирање на членството  кое ќе го избира новото раководство.

        Тоа е голем чекор напред  во изборот на  партиски лидер.

Со таквата можност им се дава шанса на членовите на партијата да ги изберат најдобрите кандидати.

        Но колку тоа ќе се реализира останува да се види зашто кај нас политичарите и партиските членови се единствено доследни во својата недоследност и често пати  ги менуваат своите ставови и сфаќања.

        И кога станува збор за идејата за гласање на отвоерни  советнчики листи таа заслужува внимание, но познавајќи ги состојбите на македонската политичка сцена се ми се чини дека доколку таквата идеја не ја поддржат најголемите политчки партии таквиот предлог ќе остане само  мртво слово на хартија.

        По 30 гдоини од македонската независност и воведувањето на плурализмот на македонската  политичка сцена веќе е време конечно да се демократизираат партиите. Без деморатизација на политичките партии не може да се очекува демократизација на државата.

        Време е  на овие избори конечно да се избираат квалитетни, стручни и способни кадри, кои размислуваат со својата глава и кои не се  обични партиски послушници кои за целиот  мандат единствено што знаат тоа е да  кажуваат и гласаат за тоа што ќе им се каже.

         Крајно време на (с)цена  да бидат способните и слободномислечките  (политички)  кадри кои размисилуваат со својот ум.

        Ова е време кога на народот треба да им се предложат слободни мислечки луѓе,а  не послушници кои  ги извршуваат партиските наредби и директиви.

        Од такви кадри веќе никој нема корист па ни партиите, а искрено речено не се офајдивме многу во тридецениската демократија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*