Home / Спорт / Заврши третиот турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски” во Новаци

Заврши третиот турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски” во Новаци

Тимот “Мане Универзал“  е победник на едномесечниот турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски” кој се одржа во Новаци.

Со резултат 3 спрема 0 беше поразен тимот ФК Новаци 2005, а победниците за освоеното прво место добија парична награда од 80 000 денари, дипломи за учесниците и  победнички пехар кој им го врачи таткото на загинатиот бранител и градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

-Оваа година трет пат го организираме овој турнир во мал фудбал „Пеце Матичевски” во чест на нашиот сожител кој загина во конфликтот во 2001 година а е родум од Новаци.Сите фудбалски натпревари се одиграа на новото повеќенаменско игралиште кое е осветлено со рефлектори а е изградено со средства од Агецијата за млади и спорт на РМ. Општина Новаци го поддржува одржувањето на овој спортски настан кој годинава се одржува трет пат но ќе се погрижиме истиот да прерасне во традиционален- рече градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски.

Второ пласираните ФК Новаци 2005  добија парична награда од 40 000 денари,третопласираните Нулти диспечер 15 000 денари а четврто пласираните  Корзо  10 000 денари. За најдобар играч на турнирот беше прогласен голманот Пеце Цветковски  од Новаци кој се натпреваруваше за тимот Корзо.

-Турнирот наиде на голем одзив ,се пријавија  24 екипи кои се натпреваруваа скоро месец дена секоја вечер на стадионот во Новаци. Секоја од екипите плати котизација за учество по 4000 денари а тие средства се искористија за организацијата и за наградите кои ги доделивме. Парични награди покрај за прво место, дипломи и пехар се обезбедија за второ,трето и четврто пласираните учесници- велат организаторите.

Градоначалникот Котевски и Општина Новаци се големи поддржувачи на спортски настани.

Неколку години наназад по повод Денот на независноста осми  септември организираат меѓународен фудбалски турнир за деца.

Минатата година турнирот се одржа 3 дена а учествуваа околу 700 учесници.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*