.flexslider .slides img { width: 300px!important; height: 250px!important; display: block; }
Don't Miss
Home / Градска хроника / Зелена недела се одржа во Битола

Зелена недела се одржа во Битола

Општина Битола и ЕУ Инфо точката организираа трибина во рамките на Зелената недела на тема: „Јавните политики на ЕУ во делот на заштита на животната средина” во НУУБ„Св.Климент Охридски.

Во исто време децата од детските градинки „Естеја О.Мара” и Мајски Цвет” и од Центарот за ран детски развој цртаа на тема „Природата – наше здравје, наше богатство”.

Зелена недела се организира од 1999 во Брисел од страна на Европската комисија.

Зелена недела е најголемата годишна конференција на Европа за политиката за животната средина, на која учествуваат претставници од власта, бизнис секторот, невладините организации, академските институции и медиумите на која се нуди единствена можност за дискусија и размена на искуства и најдобри практики

Оваа година конференцијата се одржа од 3-5 јуни во Брисел а темата беше природата и биодиверзитетот.
Природата е од витално значење за нашето здравје и е наше богатство. Ние зависиме од неа за храна, енергија, суровини, воздухот и водата кои го прават животот возможен и ја водат економијата. Ние ја делиме оваа планета со извонредна природна разновидност, која е извор на инспирација, учење и рекреација; таа е дел од нашето културно наследство и придонесува за квалитетот на нашиот живот. Заштитата на природата и одржување на конкурентноста на Европа мора да одат рака под рака, како природата и биодиверзитетот , политика може да игра клучна улога во креирањето на работни места и стимулирање на инвестиции, беше заклучокот на овогодинешната конференција.

 

Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*