Don't Miss
Home / Uncategorized / ЗНМ бара повлекување на обвинението против Кежаровски

ЗНМ бара повлекување на обвинението против Кежаровски

Предметот на новинарот Томислав Кежаровски, нападот врз телевизиската екипа на ТВ21 и можните точки на соработка меѓу Обвинителството и новинарите биле теми на разговор на денешната средба на претставници на Здружението на новинарите на Македонија со државниот јавен обвинител, Љубомир Јовески.

Претседателот на ЗНМ, Младен Чадиковски побарал да биде повлечено обвинението против колегата Кежаровски, откако Врховниот суд го врати неговиот предмет на повторно судење. Чадиковски истакнал дека овој предмет веќе долго време го руши имиџот на државата во делот на слободата на изразување и како таков мора што побрзо да заврши.

Претставниците на ЗНМ побарале од ОЈО да покрене истрага и да ги истражи сите наоди кои беа презентирани во јавноста во врска со неодамнешниот напад врз екипата на ТВ21, во кој беа нападнати новинари од страна на лица блиски до градоначалничката на општина Арачиново.

На средбата, како што соопшти ЗНМ, се разговарало за организација на заеднички обуки за новинари и обвинители со цел да се подобри известувањето на новинарите и постапувањето на обвинителите за случаи поврзано со слобода на говорот.

Јавниот обвинител Јовески ветил дека ќе се заинтересира за предметите за насилство против новинари и ќе ги провери сите наоди кои му беа презентирани на средбата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*