Don't Miss
Home / Uncategorized / Зоран Божинвски пуштен од притвор

Зоран Божинвски пуштен од притвор

Новинарот Зоран Божиновски денеска излегува од притвор во затворот во Шутка, потврдија  од Кривичниот суд.

„Судечкиот судија на денешниот главен претрес донесе одлука со која предлогот на обвинителот се уважува и мерката притвор се укинува, а согласно предлогот се определуваат превентивни мерки за обезбедување присуство на обвинетиот во текот на постапката. Против ова решение дозволено е право на жалба во рок од 3 дена“, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.

Претходно на својот профил на Твитер, Здружението на новинарите на Македонија објави дека Божиновски излегува од притвор и дека со тоа Македонија конечно не е на срамната листа за земји со новинари во затвор.

Божиновски беше екстрадиран од Нови Сад во април минатата година, а е обвинет во случајот „Шпион“ за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*