Don't Miss
Home / Uncategorized / Зоран Стојчевски:Решенија за бројни инфраструктурни проблеми

Зоран Стојчевски:Решенија за бројни инфраструктурни проблеми

Тука сме на улица „Солунска“ која што води кон градско поле каде што граѓаните кои што живеат во овој дел од градот Битола маки мачат од отворениот канал кој што се наоѓа во непосредна близина на нивните куќи и целокупното инфраструктурно уредување кое што го зафаќа овој дел на градот. И покрај укажувањата од нас како опозициони советници во минатиот состав на советот на општина Битола за решавање на овој проблем, власта во заминување, немаше слух овој проблем на граѓаните на овој дел од Битола да го реши.

При носењето на буџетот или при ребалансите на буџетите кога баравме амандмански да биде решен овој проблем ни беше образложено дека не беше влезено во програмата на општина Битола. Меѓутоа на последната седница на која се носеше програмата за инфраструктурно уредување на општина Битола одговорната служба во општина Битола ни кажа дека овде постојат некои правни проблеми.

Идната власт предводена од СДСМ, предводена од градоначалничката Наташа Петровска, овој проблем ќе го реши. Исто така во овој дел од градот ќе ги решиме и следните инфраструктурни уредувања:асфалтирање на улица Бистра,комплетна инфраструктура во делот на улица Илинденска од број 1 до 33,изградба на парк пред Македонија пат,санирање на влезот на улица Индустриска кај пругата,уредување и асфалтирање на улица Солунска и поврзување со Индустриски пат кај Идеал Шипка,асфалтирање на улица Прогрес,истакна на прес конференцијата кандидатот за советник Зоран Стојчевски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*