Home / Uncategorized / Зоран Заев: Снимката ми ја даде Ден Дончев

Зоран Заев: Снимката ми ја даде Ден Дончев

На денешното судско рочиште, во судскиот спор Груевски – Заев, лидерот на опозицијата, Зоран Заев изјави дека аудио снимката, на која е снимено дека Груевски наводно барал 1.500.000.00 евра за купо-продажбата на “Македонска банка” му ја дал лично поранешниот директор на Македонскиот телеком, Ден Дончев.
Инаку, на денешното рочиште во Основниот суд “Скопје 2” се појавија и тужителот Груевски и тужениот Зоран Заев.
Да потсетиме денеска во Основниот суд Скопје 2 продолжи судењето на премиерот Никола Груевски, против лидерот на СДСМ, Зоран Заев.
Во текот на вчерашниот ден беше распрашуван сведокот Јовица Стефановиќ, познат во јавноста како газда Нини, кој негираше дека купувањето на акциите во “Македонска банка “ се купени во четири очи и во директен договор со Никола Груевски.
– Акциите се купени од „Јака Радовиш” на берза, а јас само го потпишав решението за купување акции од „Македонска банка”, кои ги купивме преку брокерска куќа, кој негираше дека дека некому понудил поткуп за купопродажбата на „Македонска банка”.
Да потсетиме лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред пет месеци го обвини премиерот Никола Груевски дека наводно тој лично ја продал „Македонска банка”, на српскиот бизнисмен Нини и дека за тоа актуелниот премиер добил 1,5 милиони евра во кеш. За ваквото обвинување Груевски поднесе тужба против Заев и побара обештетување во висина од 500.000.00 евра.
Б.В.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*