Home / Uncategorized / Зошто ЕЛЕМ не ги издвои средствата за Копанки

Зошто ЕЛЕМ не ги издвои средствата за Копанки

СДС се прави газда на туѓ имот и дава ветувања кои законски немаат никаква врска со општината. Дали се работи за крајно непознавање на надлежностите или намерна популистичка манипулација ? Во секој случај – губење време, замајување и давање ветување кое е незвозможно .

А фактите велат дека владата на Заев во секој момент може да даде одобрување за реализација на обезбедените средства на ЕЛЕМ за проектот за реконструкција за Копанки и приказната да заврши среќно за сите.

Толку е едноставно, но на СДС му требаат локал-патриотски и емотивни теми за кампања, во немање на други издржани идеи.

Наместо да ги прашаат Заев и Анѓушев, дали и Копанки и ски патеката на Пелистер ќе влезат во пакет во „бајадера“ бизнисот за продажба на РЕК, локалните прослушници на Заев во Битола му помагаат во пеколниот план, купувајќи време  со пренасочување на вниманието.Но планот им е прочитан и ќе биде казнет од Битолчани – на 15 октомври,истакна  Викторија Христовска, кандидат за член на Советот на Општина Битола

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*