Home / Uncategorized / Зврлевски преживеа уште два дена

Зврлевски преживеа уште два дена

Повеќе паузи отколку дискусија. Вака изгледа денешната собраниска расправа околу точката за разрешувањето на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски. Во минутите додека во собраниската сала и течеше некаква дебата, власта и опозицијата повторно во клинч околу смената на Зврлевски. Според пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои се повикаа на членот 8 од Изборниот законик, незаконски е воопшто да се расправа за смена на јавниот обвинител во време кога се распишани локални избори. Тие предложија точката да се стави во мирување до најмалку 16-ти октомври, а во меѓувреме пратениците да се посветат на други проблеми.

Законот кажува дека оваа постапка вие сте должен да ја ставите во мирување и оваа седница со оваа точка да ја закажете 16-ти октомври. Во меѓувреме, ако имаме желба да работиме и во август, немаме никаков проблем – ние сме тука присутни скоро 90% од пратениците од коалицијата “За подобра Македонија“. Има многу точки кои се стварно значајни за граѓаните. Депонијата Струга три месеци чека, за пожарите не се закажува, за Бугарија не се закажува… “ – изјави Илија Димовски, ВМРО-ДПМНЕ

Собранискиот спикер Талат Џафери реагираше дека не постојат пречки Собранието да продолжи со дебата и евалуација на процесот, а на ставовите на ВМРО-ДПМНЕ негодуваа и од СДСМ. Според нив, довчерашната власт за цел има само оваа точка да не стигне до својата суштина.

Денеска сме сведоци на само уште еден обид на опозицијата да ја одолговлече работата на ова Собрание. Денеска очигледно опозицијата се обидува да оди ова до недоглед, а за постапка која е започната согласно сите законски процеси на барање на Владата на Р. Македонија за незаконско и несовесно работење на државниот јавен обвинител.“ – рече Томислав Тунтев, СДСМ

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*