Don't Miss
Home / Економија / Дигитална насмевка – Совет #2: Локација, локација, локација…

Дигитална насмевка – Совет #2: Локација, локација, локација…

Сигурно знаете дека број постојат три правила за успешен бизнис (наш совет број 2) а тоа е локација, локација и локација. Без разлика дали се работи за физички или виртуелен бизнис, мал стартап или голема компанија се’ се сведува на тоа каде е лоциран вашиот бизнис, како се дистрибуира вашиот производ и дали е блиску до вашите купувачи.

Веднаш ќе прашате што има ова врска со интернет маркетингот? Епа има, и тоа многу 🙂 Битен аспект од вашата присутност на интернет е каде сте лоцирани со вашата веб или фан страна кога клиентот ќе го побара вашиот производ или услуга. Значи во овој случај битно е на која позиција сте на пребарувачот (Google) и таа е вашата интернет локација.

Имено, вашите потенцијални клиенти многу пати ќе го побараат вашиот производ преку генералниот назив на производот, наместо директно да го бараат брендот. Пример, никој не бара JohnDeer косилка, туку директно косилка, а ако вашата страна не е доволно оптимизирана за вашиот производ, клиентот воопшто нема да знае дека постоите (виртуелно при тоа пребарување).

Затоа завршете ја вашата домашна, или побарајте помош од друг преку следниве чекори:

  1. Проверете кои се клучни зборови за вашиот сектор и кои се најчести пребарувани фрази
  2. Направете план за Search Engine Optimization и реализирајте го во период од најмалку 6 месеци
  3. Направете и Social Media Optimization на вашите социјални профили
  4. Проверете дали сте на првите неколку позиции при пребарување на клучните фрази

Откако ќе ја завршите домашната работа, ви ветуваме дека ќе имате зголемен број на клиенти 🙂

… наредната недела Совет #3: Клиентот на прво место

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*