Јадранка Павловска која беше дел од советничката листа на СДСМ и коалицијата на последните локални избри во Битола, ќе биде новиот советник во Советот на Општина Битола, откако од оваа позиција заминува Зоран Ѓорѓиев -Микша, од коалицискиот партнер НСДП. Досегашниот советник на НСДП во Советот на Општина Битола, Ѓоргиев, најпрво стана извршен член на Одборот на директори на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор од значење за Републиката, а сега е нов директор на ПУИНГ.
Павловска е член на Извршниот одбор на ОО на СДСМ Битола и е долгогодишен партиски активист.