Don't Miss
Home / Вести / Јавен повик за млади за учество во иницијативата “ Бизнис клик “

Јавен повик за млади за учество во иницијативата “ Бизнис клик “

Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола објавува јавен повик за млади за учество во иницијативата „Бизнис клик”.

Опис на иницијативата:

Иницијативата „Бизнис клик” е спроведувана од Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола и има за цел воспоставување на партнерства помеѓу младите и бизнис секторот со цел да ги подобри кариерните можности на младите и да обезбеди зајакнување на капацитетите на невработените млади луѓе со што ке ги зголеми можностите за нивно вработување.

Оваа иницијатива предвидува спроведување на иновативна програма составена од обука, менторство и кариерно насочување на младите луѓе на возраст од 15 до 24 години. Преку зајакнување на капацитетите на младите луѓе со барани вештини, целта е да се поддржат младите учесници/чки да го реализираат својот целосен економски и граѓански потенцијал.

Оттука, Интерактив – Битола распишува јавен повик за пријавување за учество до сите заинтересирани млади луѓе на возраст од 15 до 24 години од регионот на општините Битола, Прилеп, Новаци, Могила, Ресен и Крушево.

Иницијативата ќе се спроведува во Пелагонискиот регион во следните 7 месеци.

На повикот ке бидат избрани 10 учесници/чки кои ќе учествуваат на дводневна обука од областа на комуникациските и ИТ вештините, при што обуките ке вклуцат и практицна работа која на младите ке им помогне во нивниот професионален развој.

По обуката ќе следи петмесецна фаза на менторство, каде младите ке работат со искусни експерти од областа на правото, медиумите и ИКТ секторот. Со нивно насочување и поддршка младите лица ќе имаат можност да развијат кампања од областа на младинското претприемништво.

        Исто така младите ќе имаат можност да посетат 10 компании од Пелагонискиот регион, каде ќе се запознаат со работните процеси и ќе добијат кариерно насоцување важно за нивниот кариерен развој.

Целокупната програма е бесплатна за сите учесници/чки кои што ќе бидат избрани на повикот.

Основни критериуми:

  • Да е државјанин/ка на Република Северна Македонија
  • Да е на возраст од 15 – 24 години на денот на аплицирањето
  • Да е од следните општини или моментално да е со место на живеење во нив: Битола, Прилеп, Новаци, Могила, Ресен и Крушево
  • Да биде мотивиран/а да присуствува и да има активна улога во проектот

Начин на пријавување:

Сите заинтересирани кандидати, се охрабруваат да аплицираат најдоцна до 28.06.2024 до 16:00 цасот на Гоогле формата или преку е-пошта на интерактивбитолаЖгмаил.цом со назнака „Апликација по јавен повик за млади за учество во иницијативата Бизнис клик”, одговарајки ги следните прашања:

Име:

Презиме:

Возраст:

Населено место/Општина:

Училиште/Институција/Организација:

Е-поста:

Телефон за контакт:

Мотивација за учество во иницијативата „Бизнис клик”:

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*