Во организација на Заводот за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид, во галеријата „Кука на Робевци”, беше отворена јубилејната самостојна изложба на Блаже Докуле насловена „Половина век современа карикатура”.
Во присуство на почитувачите на делото на Докуле и на вqуљеници во карикатурата, изложбата ја отвори в.д. директорката на Заводот и Музеј Охрид, Катерина Велковска
Ристевска.
Блаже Докуле е роден во 1953 година во Битола, каде што дипломирал право. Карикатури црта непрекинато од 1971 година. Негови карикатури се појавуваат во голем број публикации, како „Екран”, „Остен”, „Нова Македонија”, „Битолски весник” , „Студентски збор” , „Време” , „Јеж” и многу други.
Припаѓа на третата генерација македонски карикатуристи што се појавува околу 1970 година, генерација со силен нов бран во светот на домашната и светската карикатура.
Најнапред црта под влијани на француските мајстори на еротска карикатура Ласлави и Ховив, потоа силен впечаток му оставаат Борн, Барток и Забрански, а ги почитува и
домашните автори Костовски, Ан|елкоски, Бороевик, Пејчинов, Игњат, Xајков, Филипов, Јочиќ и неговиот наставник од основно училиште Петровски.
Црта класична карикатура со особен свој стил како и стилизиран и чист кроки стил на Волински и Рајзер. Блазе Докуле отворил три самостојни изложби во Книн во 1980 година, во Битола во 1999 година и во Струмица во 2001 година.
Добитник е на над 50 меѓународни и домашни награди од Јужна Кореја, Русија, Турција, Романија, Словачка ме|у нив и 4 Ноември – Битола и В.П. Цицо за животно дело како и
„Гран при” златни, сребрени и бронзени плакети. Наградуван е и за новинарство стрипови и хумористични текстови.
Блаже Докуле е најпечатениот автор во македонската карикатура веќе 50 години, колку што непрекинато твори. Докуле цели 50 години непрекинато црта за Битолски
весник