Don't Miss
Home / Вести / Ќе се реши проблемот со затоплувањето на спортската сала ” Боро Чурлевски”

Ќе се реши проблемот со затоплувањето на спортската сала ” Боро Чурлевски”

 Спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола ќе биде една  од петте спортски сали во државата, во која ќе биде решен проблемот со затоплувањето преку Агенцијата за млади и спорт, во соработка со Општина Битола.

Ова го истакна за време на денешната посета на Битола, директорот на Агенцијата за млади и спорт Наумче Мојсоски, кој за време на денешната посета со градоначалничкатаНаташа Петровска  разговараше за тековните активности на реновирањето на спортските објекти во градот, како и за поддршката која од страна на општината ја добиваат спортските клубови.

Инаку, во Спортската сала „Боро Чурлевски“  во Битола во тек се градежните зафати со кои се изведува целосна промена на кровот, како и целосна промена на дотраената и нефункционална дограма, со што ќе се обезбеди постигнување на енергетска ефикасност на целиот објект, преку проектот „Бенефит“ кој го реализира Општина Битола во рамките на програмата за прекугранична соработка со Република Грција.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*